• петок, 05 декември 2025

Волфсбург го отпушти тренерот Симонис

Волфсбург го отпушти тренерот Симонис

Волфсбург, 10 ноември 2025 (МИА) - Пол Симонис повеќе не е тренер на бундеслигашот Волфсбург. Заедно со 40-годишниот Холанѓанец, од стручниот штаб на германскиот фудбалски клуб си заминуваат и тренерите Петер ван дер Вен, Тристан Бергхуис и Мартин Дарневил.

За привремен прв тренер е назначен Даниел Бауер кој е предводник и на младинскиот тим.

Симонис беше во Волфсбург од 1 јули 2025 година. Под негово водство, тимот победи на три од 12 натпревари, одигра двапати нерешено и загуби на седум средби.

„Волците“ моментално се наоѓаат на 14. место на табелата во Бундеслигата со осум бода по 10 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан