Во Штип презентиран проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“
- Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов информираше дека со средствата од овој проект, во висина од 240.000 евра ќе се изврши реконструкција на бањата Кежовица, во делот на фасадат, изолација, како и кровот, ќе се реконструира и куќа за сместување во штипско Ново Село, кое е музеј под отворено небо, како и реконструкција на топлиот извор Л’џи во населбата Ново Село.
Штип, 19 декември 2025 (МИА) - Штип од македонска и Гоце Делчев од бугарска страна ќе реализираат проекти од областа на туризмот. Средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ. На денешната прес конференција на проектот: „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“, свои обраќања имаа градоначалникот на Општина Штип,Иван Јорданов, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заменик министер за европски прашања,Викторија Трајков, градоначалник на Општина Гоце Делчев, Бугарија Владимир Москов и директорот на Центар за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов информираше дека со средствата од овој проект, во висина од 240.000 евра ќе се изврши реконструкција на бањата Кежовица, во делот на фасадат, изолација, како и кровот, ќе се реконструира и куќа за сместување во штипско Ново Село, кое е музеј под отворено небо, како и реконструкција на топлиот извор Л’џи во населбата Ново Село.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински додаде дека овој проект се имплементира преку ИПА 3 програмата, во рамки на Приоритет 3: Интегриран развој на прекуграничниот регион, со вкупен буџет од 1.054.056,20 евра, и има за цел одржлив развој на туризмот преку поврзување на културното наследство и природните ресурси на двата региона.
Заменик-министерката за европски прашања Трајков, рече дека Министерството како национална контакт точка во однос на Програмите на Унијата има значајна улога во процес на пристапување кон ЕУ и осигурување на резултатите од спроведените проекти дека истите ќе го оправдаат придонесот во подобрување на јавните политики на национално, регионално и локално ниво-порача пред присутните заменик-министерката за европски прашања.
-Оваа програма за прекугранична соработка е една од подобро управуваните програми, со висок процент на искористеност на средства, за што одговорни се Министерството за локална самоуправа како и корисниците, партнери во проектите. Министерството за европски прашања, како национална контакт точка во однос на програмите на Унијата, има значајна улога во процес на пристапување кон ЕУ и осигурување на резултатите од спроведените проекти дека истите ќе го оправдаат придонесот во подобрување на јавните политики на национално, регионално и локално ниво, вели Трајков.

Таа истакна дека Министерство посветено работи на подготвување на земјава за полноправно членство во Европската Унија.
Проектот SERENE, како што потенцираше е добар пример за тоа како преку меѓусоседски и европска соработка може да се зајакнат институционалните капацитети и да се даде придонес кон креирање на една поширока регионална туристичка понуда. Особено ја нагласи улогата на Центарот за развој на Источен плански регион, кој како водечки партнер во проектот, ја потврдува подготвеноста на регионот да биде дел од европските процеси и да ги интегрира европските искуства во регионалните и локални планирања.
Свое обраќање на денешната прес-конференција имаше и градоначалникот на Општина Гоце Делчев од Бугарија, Владимир Москов, кој истакна дека досегашната соработка со Штип на европски проекти се покажала исклучително успешна и за двете општини. Москов презентираше кои проекти ќе бидат реализирани во Општина Гоце Делчев, а се однесуваат од областа на турзимот и содржини за рекреакција.
Директорот на Центар за развој на ИПР, Здравков објасни дека овој европски проект опфаќа седум организации, од македонска страна партнерска институција е Општина Штип, а од бугарска страна како партнери се јавуваат Општините Гоце Делчев и Сандански, Здружение на претприемачи Гоце Делчев, Туристичко здружение „Момини Двори“ и Здружение „Савремие“. Вкупната вредноста на проектот е повеќе од еден милион евра, од кои за македонска страна се околу 560.000 евра. Со овие средства освен инфраструктурни проекти во Штип и во Општините Кочани и Пробиштип ќе има и средства за реализација на меки мерки, за развој на туризмот. вдј/нд/
Фото: МИА