• петок, 21 февруари 2025

Во Штип и радовишкото село Бучим закажни презентации за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за Ветерниот парк Штип

Во Штип и радовишкото село Бучим закажни презентации за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за Ветерниот парк Штип

Штип, 24 јануари 2025 (МИА) – Фирмата „Алказар Eнерџи“ го развива проектот Ветерен парк Штип со моќност до 396 MW, информираат во денешното соопштение од Општина Штип. Во него се вели дека веќе е закажана јавна презентација  на оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА). Затоа се покануваат сите заедници и заинтересирани страни да присуствуваат на јавна презентација на Извештајот за одредување на ОВЖССА.

- Локација еден: Сала за состаноци - Општина Штип, 05 февруари во среда, во 10:00 часот и  локација два: Општинско основно училиште (ООУ) „Никола Карев“ во село Бучим во Општина Радовиш, истиот ден на 5 февруари во среда во 14:00 часот.  Состаноците ќе дадат преглед на проектот, ќе го објаснат процесот на ОВЖССА и клучните наоди од Извештајот за ОВЖССА обемот, ќе го опишат механизмот за поплаки и ќе дискутираат за коментари и прашања од интерес од засегнатите страни и локалните заедници, се вели во писменото соопштение.

Во него се наведува дека  за повеќе информации во врска со Извештајот за ОВЖССА обем, може да се посети и нивната  веб страна: https://alcazarenergy.com/stip-wind-farm/. вдј/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан