• сабота, 22 февруари 2025

Во Шпанија откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

Во Шпанија откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

Мадрид, 31 јануари 2025 (МИА) – Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот Синдбис, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, главоболка и болки во зглобовите и осип на кожата.

Научниците го откриле вирусот кај комарците во Андалузија, а претпоставуваат дека е во Шпанија од 2017 година, но до сега не бил откриен бидејќи истражувањето било фокусирано на вирусот Западен Нил, јави Еуроњуз.

Овој вирус претходно се појавил во Скандинавија и Алжир, а го пренесувале комарците од Северна Африка или Кенија на локалните комарци.

Не е толку смртоносен како вирусот Западен Нил, кој е присутен и во Андалузија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан