Во ЦК „Бели мугри“ утревечер промоција на книга од Гијовски
- Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани утревечер во 18 часот во малата сала ќе се одржи промоцијата на книгата „Стојанче Стефанов“ од м-р Марјан Гијовски.
Кочани, 20 ноември 2025 (МИА) - Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани утревечер во 18 часот во малата сала ќе се одржи промоцијата на книгата „Стојанче Стефанов“ од м-р Марјан Гијовски.
Станува збор за книга посветена на момче од Кочани, 62 - ра жртва во пожарот во „Пулс“ од 16. март оваа година.
Гијовски книгата ја работел четири месеци и претставува плод на разговори со лица кои што кобната ноќ биле во кочанската дискотека.
Промотор на книгата за 24 - годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, од населбата Оризари, е Ленче Стоименова, роднокраен автор. Модератор е професорот по македонски јазик, автор на неколку драми и актер Доне Донев.ис/са/
Фото: плакат ЦК „Бели мугри“