• среда, 10 декември 2025

Во Центар Жупа досега нема поднесено кандидатура за градоначалник

Во Центар Жупа досега нема поднесено кандидатура за градоначалник

Дебар, 10 декември 2025 (МИА) - Во Општина Центар Жупа, каде на 11 јануари се повторуваат изборите за градоначалник, до попладнево не е доставена ниту една кандидатура.

- До предвидениот рок за собирање потписи за независен кандидатура не е пријавен ниту еден кандидат, што значи дека во трката за градоначалник нема да има независен кандидат. Исто така до попладнево нема доставена кандидатура ниту од една политичка партија, рече за МИА, Неџип Илјаз, претседател на ОИК.

Посочи дека кандидатури може да се достават денеска до 24 часот.

На изборите на 19 октомври имаше тројца кандидати, предложени од политички партии, но градоначалник не беше избран поради необезбедени цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело, односно од 7551 лице со право на глас.

Моментно, со одлука на Владата, општината има повереник со надлежности на градоначалник. Тоа е Аријан Ибраим, кој градоначалник на Општина Центар Жупа е во три последователни мандати. вт/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан