• сабота, 06 декември 2025

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници по полноќ, 14 од нив под дејство на алкохол

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници по полноќ, 14 од нив под дејство на алкохол

Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Во угостителски објект во Свети Николе, полицијата ноќеска при контрола во 00.10 часот затекнала 26 малолетници, од кои 14 биле под дејство на алкохол.

-При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи. 

Контролата ја спровеле  полициски службеници од СВР Штип - ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан