• среда, 10 декември 2025

Во тек конкурсот на Народната банка за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството

Во тек конкурсот на Народната банка за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Во тек е конкурсот на Народната банка за годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година.

Право на учество имаат државјаните на Република Северна Македонија до 35-годишна возраст. Трудовите треба да содржат осврт на македонската економија и да не надминуваат 80.000 карактери, со препорачана стандардна научна структура. Може да се конкурира и со веќе објавени трудови, но не пред 1 јануари 2024 година.

Пријавувањето се врши електронски, на е-адресата: konkurs@nbrm.mk, во word-формат, со назнака „За Годишната награда на Народната банка“. Авторите доставуваат и кратка биографија. Сите трудови се третираат како доверливи материјали.

Еден автор може да поднесе само еден труд, на македонски, албански или на англиски јазик.

- Трудовите ќе се вреднуваат според повеќе критериуми, вклучително и според релевантноста на темата, квалитетот на анализата, методолошкиот пристап и јасноста на заклучоците, информира Народната банка.

Крајниот рок за доставување е 1 февруари 2026 година, а годишната награда за прворангиранот труд изнесува 130.000 денари, а за второрангираниот 65.000 денари.

Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработката на квалитетни истражувачки трудови во овие области, како и да ги афирмира младите стручни кадри.

Конкурсот е достапен на веб-страницата на Народната банка на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-17062025-2.nspx

бак/дма/

Фото: Народна банка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан