Во Србија се урна мал спортски авион
- Во авионската несреќа едно лице загина, а пилотот е повреден и пренесен во болница
Во Србија се урна мал спортски авион
Белград, 14 ноември 2025 (МИА) – Во близина на суботичкиот аеродром Биково попладнево се урна мал спортски авион.
Во авионската несреќа едно лице загина, а пилотот е повреден и пренесен во болница.
Сè уште е непозната причината за уривањето на авионот. ми/
фото: МИА архива