• понеделник, 10 јуни 2024

Во Скопје утре прв „Dog Fest"

Во Скопје утре прв „Dog Fest

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Во Скопје утре ќе се одржи првиот „Dog Fest", настан замислен како дружба за сите љубители на кучињата. Целта е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво. 

Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.

- Добредојдени  се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите. бак/

 

Остани поврзан