Во Скопје започнува третата конференција на МАРЕС посветена на обновливата енергија
- МАРЕС 2025 е настан посветен на актуелните прашања и идните насоки во енергетиката. Ќе се зборува за состојбите на пазарот, новите политики, инвестициите, обновливите извори и конкретните чекори за поефикасен и стабилен енергетски систем во земјава и регионот.
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) – Tретата конференција на МАРЕС, посветена на темата „Структурирање на иднината на обновливата енергија“ ќе се одржи денеска со почеток во 8:30 часот во хотелот „Лимак“ во Скопје.
МАРЕС 2025 е настан посветен на актуелните прашања и идните насоки во енергетиката. Ќе се зборува за состојбите на пазарот, новите политики, инвестициите, обновливите извори и конкретните чекори за поефикасен и стабилен енергетски систем во земјава и регионот.
Конференцијата ќе ги обедини претставниците на институциите, дипломатскиот кор, регулаторите, инвеститорите, меѓународните организации и експертите од индустријата.ар/бк/
Фото:МАРЕС