Во СВР Битола промовирана Соба за работа со деца
- Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени заедно со амбасадорот на Шведска Ола Сустром и на ОБСЕ Килиан Вал, денеска во СВР Битола пуштија во употреба Соба за работа со деца. Проектот е во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“ , а промовираната соба, прва од ваков тип во земјава, истакна заменик министерот Астрит Исени.
Битола, 20 ноември 2025 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени заедно со амбасадорот на Шведска Ола Сустром и на ОБСЕ Килиан Вал, денеска во СВР Битола пуштија во употреба Соба за работа со деца.
Проектот е во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“ , а промовираната соба, прва од ваков тип во земјава, истакна заменик министерот Астрит Исени.
-Овие простории се повеќе од потребни, а СВР Битола ја добива првата соодветна опремена просторија во нашата земја која ќе биде користена за разговор со деца, но и со останатите ранливи категории лица. Со примена на информатичко технички решенија ќе се избегне потребата од повторен разговор и ревиктимизација. Со овој проект ќе се овозможи и меѓунституционална соработка при постапување во кривични дела или семејно насилство, посочи заменик министерот Исени и нагласи дека искуствата на колегите од Шведска ќе помогнат во разрешувањето на конректни кривични дела.

На промотивниот настан во СВР Битола, амбасадорот Сустром истакна дека проектот за поддршка на полициските реформи во земјава се врши заради локалните потреби и приоритети.
-Нашата цел е да ги подобриме институционалните капацитети на полицијата во земјава за да се придржуваат до најдобрите меѓународни практики и до стандардите за човекови права во областа на правата за деца, малолетничка правда и на полициско работење во заедницата. Двете компонентни придонесуваат за пошироката цел на поддржување на развојот на една демократска, одговорна и професионална полициска служба која ќе биде усогласена со стандардите на ЕУ и принципите на човековите права, нагласи амбасадорот Сустром.
Според шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килиан Вал, отворањето на собата за работа со деца ќе им помогне на жртвите на родово базирано насилство, бидејќи им треба мирен, спокоен и безбеден простор.
-Оваа соба претставува нешто многу повеќе од само физичка просторија. Таа претставува подобрено полициско работење, фокусирано и центрирано на доброто на жртвите при спроведување на законот. Оваа соба ќе им овозможи на полицискте службеници да работат со емпатија, со професионалност и одговорност со жртвите кои што се жртви на домашно насилство, насилство врз жени и девојчиња, малолетнички жртви и друго, посочи амбасадорот Вал.
Отворањето на Соба за работа со деца во СВР Битола овозможува зајакнување на полициското работење и поголема доверба во полицијата, беше истакнато на промотивниот настан во Битола. мт/вг/
Фото: МИА