Во Пробиштип излезеноста е 9,49 проценти од вкупниот број на избирачи
- Во Општина Пробиштип излезеноста на избирачките места на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 9,49 отсто од вкупниот број на избирачи. Претседателот на Општинската изборна комисија, Јорданчо Димитриев вели дека во споредба со првиот изборен круг излезеноста во вториот круг е повисока за над 2 проценти од вкупниот број на избирачи.
Пробиштип, 2 ноември 2025 (МИА) - Во Општина Пробиштип излезеноста на избирачките места на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 9,49 отсто од вкупниот број на избирачи. Претседателот на Општинската изборна комисија, Јорданчо Димитриев вели дека во споредба со првиот изборен круг излезеноста во вториот круг е повисока за над 2 проценти од вкупниот број на избирачи.
Во Пробиштип се гласа на 45 Избирачки места, а право на глас имаат 12.251 избирач.
Вчера гласаа болни и изнемоштени лица. Биле пријавени 263 болни и изнемоштени лица, а своето право на глас го оствариле 255 лица. Осум лица не го оствариле, бидејќи четворица заминале на болничко лекување, еден избирач починал, а тројца не можеле да си ги најдат личните документи. вдј/вј/
Фото: МИА