• среда, 10 декември 2025

Во Општина Карбинци отворени пет пункта за откуп на тутун

Во Општина Карбинци отворени пет пункта за откуп на тутун

Карбинци, 9 декември 2025 (МИА) – Почна откупот на тутунот на пет пункта во Општина Карбинци. Претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија, Кире Ристевски, кој денеска ги посети пунктовите во Општина Карбинци вели дека рокот за завршување е 28 февруари, а годинашниот квалитет е подобар од ланскиот, иако незадоволството кај производителите останува.

-Во Општина Карбинци од денеска се отворени сите пунктови, односно компаниите кои имаат пунктови во делот на Карбинци се сите отворени. Вкупно се пет откупни места и сите се отворени. За мене е задоволително. Во Карбинци и во Радање, цената е 420 денари и се оди прва класа. Во моментот, досега има откупено 3 милиони и 470 тона со просечна цена од 419, 64 денари. Нашите предвидувања се дека ќе се откупи околу 22 милиони. Крајниот рок е 28 февруари. Во однос на квалитетот, оваа година е подобар квалитетот од претходната година. Лани беше просекот 400 денаир, годинава е 420 денари, рече Ристевски.

Простор цената да расте има вели Ристевски. Посочи дека уште сега се преговора цената на тутунот за следната година да биде повисока.

-Секогаш има простор, за цената да биде повисока и ние уште сега почнуваме да размислуваме за новата цена за нареданта година, се со цел да се задржи оваа култура. Оваа култура е многу значајна за самата држава, но и за кооперантите, посочи Ристевски.

Според производителите на тутун, цената е незадоволителна, бидејќи оваа година зад доброто производство стои, како што велат, многу труд, купени и потрошени препарати и други трошоци. вдј/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан