• среда, 15 мај 2024

Во Општина Градско до 9 часот излезноста за претседател 8,05 за пратеници 8,03

Во Општина Градско до 9 часот излезноста за претседател 8,05 за пратеници 8,03

Велес, 8 мај 2024(МИА) - Во Општина Градско на 11 избирачки места од 3019 запишани граѓани на Единствениот избирачки список за избор на претседател до 9 часот гласале 243 или 8,05 проценти, а од 3024 на списокот за пратеници до 9 часот гласале 8,03 проценти, информира за МИА Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК Градско. Појаснува дека сè се одвива во фер и демократска атмосфера и тие се во постојан контакт со избирачките одбори.

Во Општина Чашка до 9 часот на 31 избирачко место од 6 076 на списокот за избор на претседател гласале 5,50 проценти, а од 6083 на списокот за избор на пратеници до 9 часот гласале 6,58 проценти, информира за МИА, Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка.

Тој известува дека сè се одвива според правилата за избор и во фер и демократска атмосфера, а тие се во постојан контакт со избирачките одбори. ад/ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан