• петок, 05 декември 2025

Во објектот „Цветови“ на кочанската детска градинка се изведе тактичко-показна вежба за симулација на пожар

Во објектот „Цветови“ на кочанската детска градинка се изведе тактичко-показна вежба за симулација на пожар

Кочани, 13 ноември 2025 (МИА) - Во објектот „Цветови“ на детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани денеска Територијалната противпожарна единица – Кочани изведе тактичко-показна вежба за симулација на пожар.

Вежбата се изведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст, со асистенција на Полицијата, КЈП „Водовод“ и општинските комунални служби, а ја следеше и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.

Со тактичко-показната вежба се изврши симулација и евакуација на децата и вработените во детската градинка, а волонтерите од Црвениот крст интервенираа со помош на повреденото дете.

– Овие вежби се од огромна важност за зацврстување на подготвеноста на вработените за справување при вакви несакани појави и ситуации, а претставуваат и законска обврска на установата. Наша задача е сите, институционално компактни, да работиме на согледување и отстранување на недостатоците и постигнување безбедност во сите сфери на јавното живеење, истакна градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. ис/мд/


фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан