• сабота, 10 јануари 2026

Во напредна фаза е уредувањето на коритото на реката Мала Рада во Драчево

Во напредна фаза е уредувањето на коритото на реката Мала Рада во Драчево

Во напредна фаза е уредувањето на коритото на реката Мала Рада во Драчево

Скопје, 10 јануари 2025 (МИА) - Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во уредувањето на коритото на реката Мала Рада, во рамки на втората фаза од проектот, при што паралелно се одвива и партерното уредување на просторот.

-Со изведбата на потпорните конструкции, рехабилитацијата на бетонските профили и стабилизацијата на косините се обезбедува поголема пропусност на водотокот и значително се намалува ризикот од поплави, особено во зимскиот и пролетниот период. Следните активности опфаќаат поставување на еколошки светилки и зазеленување на просторот, со што овој дел од Драчево ќе добие уредена и безбедна јавна површина за рекреација и одмор на младите и жителите од овој дел на градот, информираат од Општина Кисела Вода.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, преку програмата за капитални вложувања во општините, обезбедена со средства од унгарската кредитна линија.

Реката Мала Рада се протега низ целото село Драчево, во должина од околу 2,5 километри, сè до нејзиното влевање во реката Вардар, што ја прави оваа интервенција од клучно значење за безбедноста и квалитетот на живот во овој дел од општината. сст/дма/

Остани поврзан