• петок, 21 февруари 2025

Во Македонска Каменица се гради улицата „Стипцарска“

Во Македонска Каменица се гради улицата „Стипцарска“

Македонска Каменица, 3 февруари 2025 (МИА) - Почнаа подготвителните активности за изградба на улица „Стипцарска“ во Македонска Каменица, сооопшти градоначалникот на Општината Димчо Атанасовски, кој денеска изврши увид во  работите на оваа улица.

-На оваа улица која е во должина од 550 метри, денеска извршив увид во работите на терен и се уверив дека тие се одвиваат согласно предвидената динамика. Со тоа ќе се подобри пристапот до домовите, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, а со тоа ќе се подигне и квалитетот на секојдневното функционирање на граѓаните во овој дел од општина Македонска Каменица, истакна Атанасовски.

Проектот, како што додаде, се реализира со средства обезбедени од Владата во висина од 4.606.018 денари.

-Упатувам искрена благодарност до Владата, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, за досегашната силна поддршка и за најавените идни вложувања во нашата општина. Вашата поддршка е од големо значење за развојот на нашата заедница, додаде Атанасовски.

Со изградбата на оваа улица очекува населението од овој приградски дел на  градот да добие многу подобри услови за живот. вс/мд/

Фото: Општина Македонска Каменица

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан