• петок, 05 декември 2025

Во Ла Манш спасени 94 мигранти

Во Ла Манш спасени 94 мигранти

Париз, 6 ноември 2025 (МИА) – Француските поморски власти денеска спасија 94 мигранти, кои се обиделе со чамец да го поминат Ла Манш.

Регионалниот центар за набљудување и спасување во Гри добил голем број сигнали дека чамци со мигранти се движат кон Велика Британија. Еден од чамците почнал да тони на неколку километри од Денкерк.

Спасените мигранти се однесени во Денкерк. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан