• петок, 05 декември 2025

Во Куманово до 15 часот излезеноста 22,10 проценти

Во Куманово до 15 часот излезеноста 22,10 проценти

Куманово, 2 ноември 2025 (МИА) - Излезеноста во Куманово до 15 часот, според податоците на Државната изборна комисија е 22,10 проценти.

-Гласањето е непречено, тековно. Гласале 20.654 гласачи, изјави претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска.

И од избирачките места во центарот на градот, укажуваат дека нивото на излезност е слично како во првиот круг.

-Гласањето е тековно, изјави Јасмина Денковска, претседател на избирачки одбор 1013/1.

Во Куманово, право на глас имаат 94.041 избирачи кои гласаат на 164 избирачки места. ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан