Во Крушево до 9 часот гласале 6,71, а во Долнени 3,9 проценти
- Непречено и без проблеми започна изборниот процес во вториот круг на локалните избори во Крушево и во Долнени, информираат од општинските изборни комисии. Точно навреме се отворени гласачките места.
Прилеп, 2 ноември 2025 (МИА) - Непречено и без проблеми започна изборниот процес во вториот круг на локалните избори во Крушево и во Долнени, информираат од општинските изборни комисии. Точно навреме се отворени гласачките места.
Во Крушево до 9 часот, на гласање излегле 6,71 процент од запишаните 7768 граѓани со право на глас кои денеска гласаат на 23 избирачки места.
Во Долнени излезноста до 9 часот е 3,9 проценти. Своето право на глас го остваруваат 11 929 граѓани на 40 избирачки места. ем/вј/
Фото: МИА архива