• петок, 05 декември 2025

Во крводарителска акција во велешката касарна собрани 20 крвни единици

Во крводарителска акција во велешката касарна собрани 20 крвни единици

Велес, 21 ноември 2025 (МИА) - Во акцијата за доброволно  дарување на крв што вчера беше спроведена во касарата „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес,  во Командата за обука и доктрини беа собрани 20 крвни единици. Крв даруваа воени лица: офицери, подофицери и професионални војници, како и цивилни лица вработени во Армијата. Акцијата ја спроведе Општинската организација на Црвен крст преку своите волонтери, а ја реализира медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје во соработка со Командата за обука и доктрини. 

Секретарот на ООЦК Велес, Орце Николов за МИА, оцени дека акцијата е успешна со што  припадниците на Армијата како и многупати досега повторно ја искажале својата хуманост на дело со даруваната крв да спасат нечиј живот во опасност.

Тој информира дека во трите годинашни акции за крводарување, во велешката касарна, односно во Командата за обука и доктрини се собрани вкупно 71 крвна единица.ад/вј/

Фото: ОО Црвен крст Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан