Во Кочани премиера на претставата „Аладин и Дедо Мраз“
- Во Центарот за култура „Белимугри“ вечер премиерно ќе биде одиграна новогодишната детска театарска претстава „Аладин и Дедо Мраз“, сопствена продукција на Националната установа од Кочани.
Кочани, 9 декември 2025 (МИА) - Во Центарот за култура „Белимугри“ вечер премиерно ќе биде одиграна новогодишната детска театарска претстава „Аладин и Дедо Мраз“, сопствена продукција на Националната установа од Кочани.
Претставата е приказна за пријателството, храброста и магијата во себе, во режија на Сања Гацовска.
Играат членовите на драмското студио: Петар Крстовски, Павел Стоименов, Николија Ивановска, Јонус Мустафов, Илина Дојчинов, Леона Крстова, Мартин Митев, Милена Постолова, Ангела Личков, Викторија Наунов, Петар Тасевски, Софиа Богатинова, Вера Веселинова, Јана Гацовска и Бојан Коцов.
Премиерата на претставата е закажана со почеток во 18 часот.
Претставата ќе се игра и на 10,11 и 12 декември во денски термини што се наменети за организирани посети на децата од предшколска и школска возраст во градот. ис/лв/
фото: плакат ЦК „Бели мугри“