Во Делчево се одржа Света божествена литургија по повод ,,Свети Три Ерарси”
- Во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево денес се одржа Света литургија во чест на споменот на Трите Ерарси и учители на црквата, кај народот познат како „Три Светитела". Со литургијата освен преосвештениот епископ Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваа високопреосвештениот митрополит Кумановско - осоговски г. Григориј и вомировен митрополит г. Јосиф.

Делчево, 12 февруари 2025 (МИА) - Во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево денес се одржа Света литургија во чест на споменот на Трите Ерарси и учители на црквата, кај народот познат како „Три Светитела". Со литургијата освен преосвештениот епископ Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваа високопреосвештениот митрополит Кумановско - осоговски г. Григориј и вомировен митрополит г. Јосиф.
-Вие сте светлина на светот и затоа не може да се сокрие град што се наоѓа на врв на планина. Нашиот спасител овие зборови ги упатил на светите апостоли, но денес овие зборови се упатени до секој човек. Денес заедно со Вас сведочиме за светлината, за љубовта, за верата православна. Сведочиме за непрестајното дваесет вековно благодарење со Бога. Не може да се соркие православаната христијанската вера, а најголемо сведоштво за тоа е денешниот празник ко јредовно во континуитњет го слават христијаните , истакна митрополит г.Григориј.
Изрази благодарност во владиката Марко за поканата денес во Делчево да имаат заедничка литургија.
-Сакам да ја искористам оваа прилика да го честитам денешниот празник на сите верници и да порачам „Живејте со црквата во срцето“, „Живејте за црквата“ зошто тука го започнуваме нашиот живот на земјата, тука се остваруваме како личности, а од тука се претставуваме и пред Бога, додаде г.Григориј.
Епископот г.Марко од негово лично име на свештенството и верниот народ од епархијата Делчевско-каменичка се заблагодари на г.Григори и г.Јосиф за можноста заедно да заедничарат во Христа.
-Посебно Вам ви благодарам ваше преосвештенство г.Григориј кои преку крвта Исусова ги пренесовте даровите лебот и виното и ги разделивте како тело Христово, за да не направите едно со нашиот Господ Исус Христос, да пренесете молитва за сите нас денеска овде кога ги славиме Три Ерарси. И ете како симболика посакаваме да бидеме тројца ерарсси во спомен на овој празник. Владико митрополит Јосиф, ви благодарам за тоа што укажавте уште еднаш дека животот на секој христијанин е во славењето на Бога, истакна епископ г.Марко.
По завршувањето на литургијата верниците пристапија кон послужување нафора и причест. вс/дма/
Фото: МИА