• петок, 05 декември 2025

Во гостиварско Горна Бањица се уредуваат улици во вредност од девет милиони денари

Во гостиварско Горна Бањица се уредуваат улици во вредност од девет милиони денари

Гостивар, 17 ноември 2025 (МИА) - Гостиварската локална самоуправа промовира една асфалтирана улица во селото Горна Бањица. Вршителот на должноста градоначалник, Ваљбон Лимани нагласи дека станува збор за проект со кој се опфатени уште три краци на улица чија вредност е девет милиони денари.

Тој посочи дека на преостанатите три ќе се работи во наредниве денови во зависност од временските услови.

- Промовираме крак од улица со должина од 230 метри и е дел од проектот кој треба значително да ја подобри патната инфраструктура во ова село и да им го олесни секојдневието на жителите, рече Лимани.

Претходно, општината инвестираше во едно од најбројните села во други инфраструктурни проекти за подобрување на канализациската мрежа и собирање на отпадните води. згм/фф/

 Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан