• петок, 05 декември 2025

Во голем пожар во Јапонија загина еден човек, а оштетени се повеќе од 170 објекти

Во голем пожар во Јапонија загина еден човек, а оштетени се повеќе од 170 објекти

Токио, 19 ноември 2025 (МИА) – Едно лице загина, а над 170 објекти се оштетени во синоќешниот голем пожар што ја зафати населбата во јапонскиот град Оита.

Полицијата потврди дека е пронајдено тело на 76-годишен маж, што се водеше како исчезнат.

Огнот зафати 48.900 метри квадратни и се гаснеше 12 часа. Се очекува пожарот набрзо да биде ставен под контрола.

Околу 350 домаќинства се без електрична енергија поради пожарот.

Премиерката на Јапонија, Санае Такачи на платформата Икс објави дека Владата ќе пружи „Максимална поддршка во соработка со локалните власти“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан