Во Ватикан средба папата Лав и Абас
- Папата Лав Четиринаесетти денеска во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, речиси еден месец од стапување во сила на примирјето помеѓу Израел и Хамас
Ватикан, 6 ноември 2025 (МИА) – Папата Лав Четиринаесетти денеска во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, речиси еден месец од стапување во сила на примирјето помеѓу Израел и Хамас.
Во соопштението од Ватикан се наведува дека соговорниците укажале на „итноста од обезбедување помош за населението во Појасот Газа и завршување на конфликтот преку стремеж кон решение за две држави“.
Средбата е одржана по повод 10-годишнината од потпишувањето на Сеопфатниот договор меѓу Светата Столица и Државата Палестина. ми/
фото: ЕПА