Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 70 мигранти
- Во морскиот дел 19 наутички милји јужно од грчкиот остров Гавдос, денеска биле откриени и спасени 70 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 28 јануари 2025 (МИА) – Во морскиот дел 19 наутички милји јужно од грчкиот остров Гавдос, денеска биле откриени и спасени 70 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката крајбрежна служба информираа дека мигрантите, кои се пренесувале со чамец, биле откриени од патролен брод и ќе бидат пренесени на островот Крит. ср/рп/