• петок, 21 февруари 2025

Во Берово започнаа Работничките спортски игри 2025

Во Берово започнаа Работничките спортски игри 2025

Берово, 13 февруари 2024 (МИА)  - Во Берово вечерва беа отворени Работнички спортски игри во мал фудбал. Традиционалната спортска манифестација, се одржува под организација на општина Берово, а натпреварите се играат во спортската сала „Македонски бранители“. Спортскиот настан кој е еден од ретките од ваков карактер во источна Македонија го отвори градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој посака успешни, мирни и фер Работнички  спортски игри.  

-Турнирот има за цел, да се подобри соработката помеѓу институциите на локално ниво, но и да се подигне спортскиот дух во градот, да се градат врвни особини, каде дисциплината придонесува во успехот на сопствениот тим.  Спортско дружење, рекреација, здравиот дух и компетенција, исто така,  ни помагаат и во нашето секојдневно извршување на работните задачи и во градењето подобри личности, а дружбата е спомен за памтење, истакна Пекевски.

Организаторите на сите учесници им посакаа добра фер игра, спортска дружба и подигање на спортскиот и натпреварувачки дух со желба да победи најдобриот. вс/вј/ 

Фото: МИА

 

Остани поврзан