Во Белград средба на Соренсен со Петковиќ
- Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска одржа средба со специјалниот посредник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, на кого му пренесе порака дека за каков било опиплив напредок во дијалогот, потребно е да се започне со конкретни чекори за формирање на Заедницата на српски општини и дискусии за нацрт-статутот на српските општини.
Белград, 16 јануари 2026 (МИА) - Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска одржа средба со специјалниот посредник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, на кого му пренесе порака дека за каков било опиплив напредок во дијалогот, потребно е да се започне со конкретни чекори за формирање на Заедницата на српски општини и дискусии за нацрт-статутот на српските општини.
Во соопштение од Канцеларијата за Косово и Метохија, Петковиќ се нагласува дека посебно предупредил дека одложувањето на таканаречениот закон за странци и возила не смее да биде крај на дејствувањето на меѓународната заедница кон Албин Курти, туку дека овој период мора да се искористи за наоѓање одржливо решение, почитувајќи ги договорите од дијалогот, особено оние поврзани со слободата на движење.
Петковиќ додал дека „што е можно поскоро да се започне со формирање на ЗСО, а од Белград се очекува и да преземе конкретни чекори во таа насока“, се додава во соопштението. зш/сд/