• сабота, 18 мај 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје, 26 јули 2023

Градот во кој што живееме, градот Скопје,  во своето минато забележал многу датуми кои останале трајно врежани во нашата колективна меморија. Дали од лично искуство или по кажување на нашите родители и постари роднини, сведочиме за многу настани кои по добро или пак по лошо оставиле белег на нашата метропола.

Голем број на непогоди го обликувале ликот на градот Скопје. Многу познати и помалку познати градби исчезнале под налетот на природните катастрофи, но сеќавањето останало.
 
Носталгијата и копнежот да ни се врати она покрај кое сме растеле, она по што сме се идентификувале и што го красело нашиот град, било основен мотив за да го вратиме времето и повторно да го изградиме.
 
Од друга страна и од еден сосема поинаков мотив копнееме и по нешто ново, нешто модерно, нешто современо, нешто по што се карактеризираат и сите познати и големи метрополи. Исто како што сме ги запомниле Прага, Париз, Лондон, Виена, Рим или некој од другите европски и светски градови, ќе се потрудиме и Скопје да стане место за паметење.
 
Живеејќи го нашето време, време кое никогаш во иднина нема да ни се врати, како Градски комитет на ВМРО- ДПМНЕ ќе се трудиме да оставиме белег кој за многу години и за многу идни генерации ќе остане спомен на едно време во кое се креирало, вложувало и создавало.

Нашата визија е град кој промовира  хуманост, взаемно помагање, социјална правда, вклученост и безбедност за сите негови жители преку системски, сеопфатни и иновативни проекти и иницијативи.

Затоа што Скопје отсекогаш бил град на солидарноста и соживотот. Затоа што Скопје отсекогаш се грижело за Скопјани!

Вечерва, во чест на градот убав, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ организира Поетска вечер посветена на Скопје, проследена со рецитал на уникатното виолинско дуо „Полифонија".

🗓️среда- 26.07.2023 година
⏰21:00 часот
📍ул. Македонија бр.30-2/13, пред Канцеларијата на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан