• среда, 10 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како расипана плоча, едно те исто секој ден, мигранти во Македонија нема да има

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како расипана плоча, едно те исто секој ден, мигранти во Македонија нема да има

10 декември 2025

СДС секојдневно пробува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Како расипана плоча или касета која врти во круг, СДС во безидејност, без програма, без идеја, без аргументирана критика, растура пердуви во јавноста.

Еве денес, по не знаеме веќе кој пат, како ВМРО-ДПМНЕ, а вчера и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, веќе демантираше дека ќе има мигранти во Македонија, повторно им кажуваме на СДС, мигранти во Македонија нема да има!

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан