• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ победи Во Скопје и во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

ВМРО-ДПМНЕ победи Во Скопје и во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) - Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 99,91% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во Скопје и во 21 општина. Коалицијата ВРЕДИ во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми победи во Шуто Оризари, додека, а независен кандидат во Струга.

ВМРО-ДПМНЕ победи во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.

Коалицијата ВРЕДИ победи во Тетово, Боговиње, Дебар и Долнени, додека, кандидатите на СДСМ освоија најмноги гласови во Центар, Македонска Каменица и Зрновци. 

Националната алијанса за интеграција (НАИ) победи во Студеничани, а независниот каднидат Менди Ќура во Струга.

Кандидатот на ЗНАМ победи во Куманово, а на Унијата на Роми во Шуто Оризари.

Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.ар/са/

Фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан