• среда, 10 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари

Скопје, 10 декември 2025

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари. Впрочем, дали некој во земјава очекува нешто друго од партија која е заложник на Заев и Филипче, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Борбата против корупција допрва почнува. Секој што се огрешил ќе одговара. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува МВР и обвинителството да работат по закон и да гонат криминал и корупција без разлика на партиска, етничка и верска припадност. 

Мафијата во Македонија мора да се уништи. Мафијата не познава разлики по ниеден основ. Таа го труе системот. И ВМРО-ДПМНЕ ќе е предводник и ќе ја поддржува секогаш таа битка. А Заев и Филипче нека облечат пелени, и тоа ако може, миризливи, затоа што до овде се чувствува стравот што го имаат. Нема милост за криминалците.

Толку од одговорот.

Истовремено им предлагаме откако ќе издишат со лажната тема мигранти да продолжат со исто толку вистинита и релевантна тема — врбите на Марс. Да маршираат за заштита на врбите на Марс од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан