• сабота, 22 февруари 2025

Влен: Најдовме колабиран здравствен систем, работиме на подобрување

Влен: Најдовме колабиран здравствен систем, работиме на подобрување

Скопје, 2 февруари 2025 

Здравјето како најважна алка во функционирањето на една држава кај нас долго време беше во колапс. Бидејќи воопшто немаше инвестиции, па беше создаден лош оперативен систем, каде што здравјето беше оставено во беда, а политичарите се лекуваа во странство. Оваа практика ќе заврши со новата влада, Владата на ВЛЕН, бидејќи се посветуваме на подобрување на целиот здравствен систем. И тоа не може да се направи без буџет. Затоа, со целосна определба, годинава издвоивме повеќекратно повеќе буџет од претходните години.

Јавните здравствени установи ќе добијат поголем буџет од 100 милиони евра. Така буџетот годинава во јавните здравствени установи ќе биде околу 540 милиони евра. Да биде појасно, ако лани буџетот беше некаде околу 27 милијарди денари, сега е некаде околу 33,2 милијарди денари или околу 540 милиони евра. Од ова секој граѓанин ќе ја сфати нашата посветеност со дела, а не со празни зборови. Не можете да покажете загриженост и да се обидете да ја подобрите ситуацијата ако продолжите со истиот став. Оние кои ја претворија власта во пештера и засолниште работеа со истите практики. Како резултат на тоа, најдовме колабиран здравствен систем. Затоа, го менуваме пристапот на дејствување.

Постапуваме со целосна одговорност и со конкретни чекори кон подобрување на здравствениот систем. Празните зборови и ги оставаме на опозицијата без визија и корумпирана, делата ги презедовме ние за граѓаните. Затоа што нивниот глас за нас е доверба што нема да ја злоупотребиме туку ќе ја искористиме за општо добро. ВЛЕН со конкретни дела ја докажува својата посветеност на здравјето и секоја друга област.

Влен

_______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан