Викендов струмичкото комунално претпријатие почнува со рачно и машинско чистење на улиците во Струмица
- Викендов струмичкото комунално претпријатие почнува со есенско рачно и машинско чистење и миење на улиците во Струмица, објавија денеска од претпријатието.
Струмица, 7 ноември 2025 (МИА) - Викендов струмичкото комунално претпријатие почнува со есенско рачно и машинско чистење и миење на улиците во Струмица, објавија денеска од претпријатието.
-Почнуваме со булеварите „Маршал Тито“, „Ленинова“, „Гоце Делчев“ како и со улиците „Балканска“, „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“ , „Сандо Масев“ и „Невена Стојкова“. За акцијата да биде целосно успешна, заради присуство на механизација за чистење и миење се замолуваат сите граѓани од гороспоменатите улици в недела во период од 5 до 14 часот да ги отстранат паркираните возила, се наведува во соопштението на ЈПКД „Комуналец“. рт/дма/
Фото: МИА архива