• сабота, 22 февруари 2025

Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид

Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид

Лондон, 5 февруари 2025 (МИА) - Англиски Вест Хем се обиде да го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик во јануари, но од „Сантијаго Бернабеу“ категорично одбиле да го пуштат, објави шпанскиот медиум „АС“.

Тимот од Лондон упатиле понуда за позајмица до крајот на сезоната и дури биле подготвени да платат одредена сума, како и да ја покријат платата на играчот, но ниту тоа не го убедило раководството на „белите“.

Ендрик летото пристигна во Реал Мадрид со репутација на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, но барем засега не успеа посериозно да се наметне во тимот и добива мала минутажа од Карло Анчелоти во конкуренција на Килијан Мбапе, Винисиус и Родриго.

Вест Хем на крајот го сврте вниманието кон Еван Фергусон и успеа да ги обезбеди услугите на напаѓачот на позајмица до крајот на кампањата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан