Ваљбон Лимани: Подземни паркинзи и модерни урбани решенија во интерес и според потребите на граѓаните
- Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Валбон Лимани, на прес-конференција ги претстави главните развојни проекти кои, според него, имаат за цел да го трансформираат Гостивар во модерен, функционален и зелен град.
Гостивар, 8 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Валбон Лимани, на прес-конференција ги претстави главните развојни проекти кои, според него, имаат за цел да го трансформираат Гостивар во модерен, функционален и зелен град.
- Гостивар заслужува развој што ја одразува неговата енергија, потенцијал и урбана динамика. Нашата визија е изградена врз долгорочно планирање, модерни решенија и почитување на јавниот простор, ставајќи го граѓанинот во центарот на секој проект“, изјави Лимани.
Како еден од главните проблеми, Лимани го посочи сообраќајниот хаос и недостигот од паркинг места. За таа намена предвидена изградба на подземен паркинг во близина на Општина Гостивар со 126 паркинг места. Според кандидатот на НАИ, трансформацијата на центарот на градот е уште еден голем проект со зеленило на површината и паркинг под земја.
- Центарот на Гостивар биде место на гордост за граѓаните. Проектот предвидува подземен подвозник за возила и пешаци, како и подземен паркинг со 219 паркинг места, додека површината над земјата ќе се трансформира во модерен јавен плоштад со зелени, рекреативни и културни простори, подвлече Ваљбон Лимани.
Во градскиот парк предвидено е преуредување на површина од 10 проценти во рекреативно езерце со придружни содржини. Лимани кој деновиве имаше интензивни средби со граѓаните низ градските населби вели дека е задоволен од поддршката која ја добива и верува во победа на 11 јануари.
За понудените проекти кои се во предизборната програма, Лимани вели дека тие се инвестиција во квалитетот на животот и иднината на градот.
- Ова не се само градби, туку инвестиции за нашите деца и за Гостивар што се развива со план, одговорност и љубов кон јавниот простор. Веруваме во град што им служи на граѓаните, а не на хаос, заклучи Валбон Лимани. згм/нд/
фото НАИ