• петок, 21 февруари 2025

Ван Дајк не знае дали ќе го продолжи договорот со Ливерпул

Ван Дајк не знае дали ќе го продолжи договорот со Ливерпул

Ливерпул, 8 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк не е сигурен за неговата фудбалска иднина.

Актуелниот договор на 33-годишниот Холанѓанец со тимот од „Енфилд“ е до лето.

- Немам поим што ќе донесе иднината. Оној што вели дека знае нешто, не знае ништо! – го цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Ван Дајк.

Холанѓанецот оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Дефанзивецот игра за Ливерпул од 2018 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан