• петок, 05 декември 2025

Вадефул доцна попладнево во посета на Белград, најавена средба со претседателот Вучиќ

Вадефул доцна попладнево во посета на Белград, најавена средба со претседателот Вучиќ

Белград, 17 ноември 2025 (МИА) - Претседателот Александар Вучиќ денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул.

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, ја започна својата посета на Западен Балкан во неделата, а според најавата на германската амбасада во Србија, тој ќе биде во Белград денеска и утре.
Фокусот на посетата, како што е наведено во соопштението на амбасадата, се напредокот и предизвиците во процесот на проширување на ЕУ, со што Германија ја потврдува својата улога како земја што внимателно го следи регионот на неговиот пат кон Европската унија, вклучително и преку Берлинскиот процес.

Западен Балкан е дел од европското семејство, истакнува Министерството за надворешни работи на Германија и ја нагласува долгогодишната поддршка на земјата за европската перспектива на Западен Балкан, според соопштението од германската амбасада во Белград.

Вадефул ја почна турнејата со посета на Босна и Херцеговина, а денеска, според амбасадата, ќе ја посети Црна Гора, потоа Албанија и ќе дојде во Белград доцна попладнево, по што ќе ја посети Приштина попладне во вторник.

Во вторник навечер, според планот, Вадефул ќе биде во Северна Македонија.

Како што е наведено во најавата за посетата, разговорите главно ќе се однесуваат на состојбата на приближување кон ЕУ, напредокот на реформите, како и регионалната стабилност и соработка. зш/

Остани поврзан