Вадефул: Доколку е потребно одбраната на Гренланд ќе биде дискутирана во рамките на НАТО
- Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска изјави дека Гренланд ѝ припаѓа на Данска и оти НАТО би можел да разговара за зајакнување на нејзината одбрана доколку е потребно
Вилнус, 5 јануари 2026 (МИА) – Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска изјави дека Гренланд ѝ припаѓа на Данска и оти НАТО би можел да разговара за зајакнување на нејзината одбрана доколку е потребно,
Вадефул истакна дека островот Гренланд е дел од Данска.
- И бидејќи Данска е членка на НАТО, Гренланд, во принцип, ќе биде бранет од НАТО. Доколку има дополнителни барања за зајакнување на одбранбените напори во однос на Гренланд, тогаш ќе мора да разговараме за ова во рамките на Алијансата, истакна Вадефул.
Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд.
Трамп првпат спомна дека да ја преземе контролата врз данскиот остров за време на неговиот прв мандат во 2019 година, а во вториот мандат повтори повеќе пати.
Вадефул, кој е во посета на Литванија, се осврна и на соборувањето од власт на Николас Мадуро, потенцирајќи оти народот на Венецуела треба да ја одреди иднината на својата земја преку слободни и фер избори.
Претходно,м портпаролот германската Влада изјави дека „САД мора да ѝ објаснат на меѓународната заедница врз основа на што треба да се проценат дејствијата на кои бевме сведоци во изминатите неколку дена, но тоа сè уште не се случило“. ми/мс/
фото: ДПА