В четврток прва средба Христодулидис – Ерхурман
- Претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис в четврток наутро ќе се сретне со новиот лидер на кипарските Турци Туфан Ерхурман, што воедно ќе биде и прва нивна средба по претседателските избори во Турската Република Северен Кипар, призната само од Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Никозија, 17 ноември 2025 (МИА) – Претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис в четврток наутро ќе се сретне со новиот лидер на кипарските Турци Туфан Ерхурман, што воедно ќе биде и прва нивна средба по претседателските избори во Турската Република Северен Кипар, призната само од Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис во писмената изјава информираше дека средбата ќе се одржи во резиденцијата на специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации.
- Претседателот Христодулидис на состанокот со истото конструктивно расположение и искрена политичка волја, во рамките на нашите напори за на суштински преговори од точката каде што беа прекинати во Кран-Монтана за да се постигне решение за кипарското врз основа на рамката утврдена со резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и врз основа на принципите и вредностите на Европската Унија, соопшти Летибиотис.
Ова ќе биде прва средба на Христодулидис и Ерхурман, откако на претседателските избори на 19 октомври кипарските Турци избраа нов лидер.
Минатата седмица Ерхурман беше во прва официјална посета на Турција и се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Преговорите за кипарското прашање беа прекинати во јули 2017 година кога во Кран Монтана не беше постигнато решение, а во изминатиот период во тек се напори на ниво на неформални средби за одново започнување на разговорите. ср/ссм/