В недела планинарска тура „По трагите на тетовскиот партизански одред“
- В недела (23 ноември) по повод 19 Ноември – Денот на ослободувањето на Тетово, во заедничка организација со Сојузот на борци од Тетово, тетовските планинарски клубови Љуботен, Тетекс, Јелак и Аргентус Моунт организираат планинарска тура „По трагите на тетовскиот партизански одред“ – 2025 година.
Тетово, 20 ноември 2025 (МИА) - В недела (23 ноември) по повод 19 Ноември – Денот на ослободувањето на Тетово, во заедничка организација со Сојузот на борци од Тетово, тетовските планинарски клубови Љуботен, Тетекс, Јелак и Аргентус Моунт организираат планинарска тура „По трагите на тетовскиот партизански одред“ – 2025 година.
Програмата предвидува собир на заинтересирани во недела во 8 часот пред Центарот за култура во Тетово и поаѓање со комбе до планинското село Бродец.
-Планинарската тура ќе се реализира со почеток во 8 часот и 30 минути со тргнување од Бродец кон Тетовското Кале. Предвидено е да се пристигне околу 11 часот на Калето и да се положи цвеќе пред споменик посветен на стреланите 16-те партизани на Тетовското Кале, инаку членови на првата Македонско косовско-метохиска народна бригада во 1944 година, информираат организаторите.
За учество на оваа тура, исхраната е во сопствена режија индивидуално и треба да биде предвидена за планинарско движење од четири до пет часа. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за во есенски услови. Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција.
Организаторите ги повикуваат заинтересираните да се пријават на е-маил адреса на ПК „Љуботен“ kontakt@pkljuboten.org.mk најдоцна до 22.11.2025 год. (сабота) до 12:00 часот или на онлајн формуларите. ас/дма/
https://forms.gle/6RurWf3aqpCQ2z2K7 -за поединци
https://forms.gle/CQw2U8PVtsLnMK2J8 – за планинарски клубови и здруженија