Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија
- Португалија и делови од Шпанија повеќе денови се соочуваат со екстремни временски услови предизвикани од бурата Клаудија, која вчера стигна и до одредени области на Велика Британија и Велс, каде предизвика поплави
Лисабон, 16 ноември 2025 (МИА) – Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата Клаудија што ја погоди Португалија.
Португалија и делови од Шпанија повеќе денови се соочуваат со екстремни временски услови предизвикани од бурата Клаудија, која вчера стигна и до одредени области на Велика Британија и Велс, каде предизвика поплави.
Во Велс се спроведуваат операции за спасување, евакуации на населението и контрола на безбедноста на луѓето. ми/
фото: МИА архива