• петок, 05 декември 2025

Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта се искачи на шест

Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта се искачи на шест

Киев, 14 ноември 2025 (МИА) - Бројот на убиени во рускиот напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта се искачи на шест, изјави шефот на воената администрација на градот, Тимур Ткаченко.

Триесет и четири лица се повредени во нападот, кој зафати вкупно девет области во Киев.

Пет од убиените биле во деветкатница во областа Десњански, која била погодена од руски дронови, истакна Ткаченко. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан