• сабота, 22 февруари 2025

Брињоне го освои златото во велеслалом на СП

Брињоне го освои златото во велеслалом на СП

Залбах, 13 февруари 2025 (МИА) - Федерика Брињоне го освои златниот медал во денешниот велеслалом на Светското првенство во Залбах (Австрија). Двете трки италијанската алпска скијачка ги заврши со вкупно време 2 минути, 22 секунди и 61 стотинка.

Ова е прво злато за Брињоне во велеслалом. Таа стана втора Италијанка со најсјајно одличје на мундијалските велеслаломски трки.

Алси Робинсон од Нов Зеланд го освои второто место и сребрениот медал со 90 стотинки заостанување зад победничката.

Како третопласирана велеслаломот го заврши Пола Молцан од САД со време 2:25.33 минути. 

Утре на програмата е машкиот велеслалом. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан