• петок, 21 февруари 2025

Британскиот тинејџер ја призна вината за убиството на трите девојчиња во Саутпорт

Британскиот тинејџер ја призна вината за убиството на трите девојчиња во Саутпорт

Лондон, 20 јануари 2025 (МИА) - Британски тинејџер денеска се изјасни за виновен за убиство на три девојчиња во северна Англија во јули, злосторство што ја згрози нацијата и предизвика неколкудневни немири.

Аксел Рудакубана (18) го промени своето признание во невин и се изјасни за виновен на првиот ден од судењето во Ливерпул.

Тој призна дека ги избодел Беби Кинг (6), Елси Дот Стенкомб (7) и Алис Дасилва Агиар (9), кои биле на час по танц на тема Тејлор Свифт во Саутпорт.

Во нападот беа повредени уште десет лица, меѓу кои осум деца.

Рудакубана се изјасни за виновен по десет точки од обвинението за обид за убиство, како и за производство на смртоносниот отров рицин и поседување на прирачник за обука на Ал Каеда.

Пресудата се очекува в четврток. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан