Богата програма за „Ноемвриските денови“ во Куманово
- Голем број настани и манифестации се дел од програмата по повод „Ноемвриските денови“ во Куманово, со кои градот го одбележува 11 Ноември – Денот на ослободувањето, информираа денеска од Општина Куманово.
Куманово, 5 ноември 2025 (МИА) - Голем број настани и манифестации се дел од програмата по повод „Ноемвриските денови“ во Куманово, со кои градот го одбележува 11 Ноември – Денот на ослободувањето, информираа денеска од Општина Куманово.
Во соработка со локални организации, културни друштва и поединци, Куманово организира уметнички, спортски и културни активности кои траат речиси целиот месец ноември.

Настаните траат од почетокот речиси до крајот на ноември. Кумановци имаа можноста да ја разгледаат изложбата „Пчелна изложба“ на Филип Цветковиќ, вчера беше одбележан Денот на ромската азбука, „Пензионерите пееја за својот град“. Вечерва е промоцијата на книга од монсињор д-р Киро Стојанов и настап на културно-уметничкото друштво „Српски вез“, утре пак настапуваат КУД „Бајрам Шабани“ кои пак слават 80 години од постоењето и следува изложба на Марјан Стојановски „Асоцијативни апстракции“. Во сабота, ќе се одржат турнири во шах, стрелаштво и фудбал во училишните сали на „Перо Наков“, „Гоце Делчев“ и „Магдалена Антова. На градскиот стадион е младинскиот фудбалски турнир во организација на „Башкими“, клупски шаховски турнир и во спортската сала „Куманово танцува“. И годинава ќе се одржи турнир во мал фудбал „Пехар на градоначалникот“, уличната трка, литературен концерт, аикидо семинар, традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“.
- Во недела на градскиот плоштад ќе има концерт на кој ќе настапат групи, пејачи од Македонија Лука Чомбе, Слаткаристика, Тони Зен, Калиопи, информираа од општината.
По повод денот на ослободувањето покрај фудбалски турнири ќе биде положено цвеќе на спомен костурницата и свечената седница на советот.
Наредните денови ќе се одржи ликовната работилница „Сподели богатство“, изложбата „Вода“ на Биљана Јовчевска, промоција на книга „Калиграфи на филмско платно“, биенална изложба „Скици 2025“, натпреварот „Млади библиотекари“ турнир во одбојка, и солистички концерт на Билјана Камчева и концерт на Маја Божиновска (пијано) и Марко Поп Ристов (виолина).
На 18 ноември ќе бидат доделени награди за најдобра проза и поезија, а следниот ден ќе се одржи концерт на музичкото училиште, изложбата „Фото Салон 2025“ и промоцијата на книгата „Куманово у срце, Куманово у душу“. Во рамки на завршницата се најавени и „Балканска етно ризница“, презентацијата „Црвен се бајрак развева“, одбележување на 80 години од основањето на библиотеката, како и изложби на Мухамед Идризи и Марина Цветановска Мартиновска. ам/дма/
Фото: МИА и плакат општина