• четврток, 16 мај 2024

Битолскиот стадион „Петар Милошевски“ подготвен за вечерни натпревари

Битолскиот стадион „Петар Милошевски“ подготвен за вечерни натпревари

 

Битола, 8 мај 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека се завршени работите поврзани со поставување рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

На бетонски столбови долги околу 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го осветлуваат теренот и трибините на стадионот во Битола.

„Со изградбата на новата северна трибина и со проектите кои ги реализиравме, Битола доби репрезентативен стадион“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Тој ја потенцираше соработката на ФФМ со локалната власт како важен предуслов за развој на фудбалската инфраструктура.

„Важно е, исто така, дека покажавме оти заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри“, посочи Сејдини. ег ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан