• сабота, 22 февруари 2025

Битиќи: Итна примена на Законот за нефер практики за да се намалат цените, граѓаните живеат тешко

Битиќи: Итна примена на Законот за нефер практики за да се намалат цените, граѓаните живеат тешко

Скопје, 13 февруари 2025 

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека граѓаните живеат се потешко а владата не презема системски мерки и потензираше дека мора итно и целосно да се применува Законот за нефер трговски практики, како системско решение со чија имплементација ќе се намалат цените и до 30%.

-Кога го имате тој механизам, да кажете дека не можете да интервенирате тогаш вистина е многу сериозен проблем во функционирањето на институциите и на целокупната влада, тоа е бегање од системско решение на проблемите. Граѓаните секојдневно плаќаат повеќе, граѓаните секојдневно живеат победно, него што живееле вчера, а владата дава грејс период на спроведување на закон. Каков е тој грејс период во спроведување на законите на штета на граѓаните? Цените ќе паднат за 30% пониско и ќе се реши проблемот системски само со примена на Законот за нефер трговски практики, истакна Битиќи.

Мерката која што сега владата ја презема со замрзнување на маржи е недоволна и власта принудно ја презема иако во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше, додаде тој потенцирајќи дека е нелогично да има стапка на инфлација од 3% а да има зголемување на цените и до 30%.

-Македонија е една од ретиките земји во кои има ниска стапка на инфлација и зголемување на цени во малопродажба и севкупно 10 пати повеќе од стапката на инфлација. Во моментов стапката на инфлација е 3%, а имаме зголемување на цени од 30%. И тоа е нелогично однесување за што власта мора да преземе мерки а не да вели дека прави анализи. Нема чекање, затоа што така дава одредени претпоставки дека можеби нешто друго се крие позади, потенцираше пратеникот Фатмир Битиќи.

Битиќи: Владата крие дека ќе се задолжи дома за 950 милиони евра, огромен е буџетскиот дефицит

Унгарските пари, освен што се корозивен капитал, имаат финансиска цена а имаат и политичка цена која ќе ја видиме многу брзо, ја гледаме со влегувањето на третиот оператор од Унгарија, како дел од политичкиот договор, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Битиќи нагласи дека унгарскиот кредит е супститут на домашните пари.

-Влегуваат 250 милиони за финансирање на стопанството преку комерцијалните банки, т.е. преку Развојната банка, а при тоа влада го крие моментот дека оваа година ќе се задолжи 950 милиони евра од комерцијалните бании за покривање на дефицитот нивен, рече Битиќи.

Битиќи нагласи дека средствата од унгарскиот кредит за компаниите имаат само навидум ниска каматна стапка, која не е вистински во висина од 1.95, туку заедно со се кумулативната каматна стапка е 5.1 %.

Колкава е цената, а колкав е ефектот? Ефектот нема да придонесе ништо во севкупниот економски раст затоа што 250 милиони ерва нема да можат да се пласираат во 2025. А знаете зошто? Затоа што унгарските пари се потрошени. Затоа ја натеравте Развојата банка да се задолжи во буџетот на државата како никогаш досега, затоа што парите се потрошени, за покривање на буџетскиот дефицит, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан